Дисеминација на семинар за менаџмент на квалитет во Хамбург

 

Од 8 до 10 април 2019 година, на Медицинскиот факултет Хамбург (Medical School Hamburg) во Хамбург, Германија, се одржа семинар за менаџмент на квалитетот во раната интервенција. Семинарот го држеше проф. д-р Манфред Претис, а беше наменет за група студенти во завршната година од нивните студии, кои со голем интерес ги следеа предавањата и учествуваа во дебати на теми поврзани со квалитетот во социјалната работа.

Професорот Претис ги запозна студентите со проектот „Заеднички јазик на училиште“  и им ги образложи целите на проектот, а ги информираше и за  активностите кои ги преземаат партнерите во конзорциумот во врска со примената на МКФ во училиштата.

                     

LOGIN Најава за корисници

ЗА веб-страница-АДМИНИСТРАТОС

Колачињата ни олеснуваат да ви ги обезбедиме нашите услуги. Со користењето на нашите услуги ќе дозволите да користиме колачиња.