Clear filters
  • Заеднички јазик во училиште

    Проект во рамките на програмата „Еразмус +“ за имплементирање на Меѓународната класификација на функционирање, попреченост и здравје (МКФ) во училиштата

    Проектот „Заеднички јазик во училиште" обезбедува практични алатки за стручните лица кои работат со ученици со развојни потешкотии во училиштата. „Заеднички јазик во училиште" ја претставува Меѓународната класификација на функционирање, попреченост и здравје, или позната како МКФ (Светска здравствена организација, 2001) како заеднички јазик за опишување на индивидуалната ситуација  на детето во однос на учењето и овозможува холистички трансдисциплинарни проценки и процеси на планирање базирани на способностите на детето.

    На проектот работат 10 партнери од 4 држави од Европа (Австрија, Германија, Северна Македонија и Турција), а го координира проф. д-р Манфред Претис. Проектот започна на 1 септември 2018 година и ќе трае до 31 август 2021 година.

     

     

     

      повеќе  

  • П1 Модули за обуки за МКФ во училиште

    П1 се состои од прилагодени материјали за обука на стручните лица во училиштата, со што се овозможува користењето на МКФ како заеднички јазик за опишување и проценка на ституацијата на учениците со посебни потреби (земајќи ја предвид нивната околина).
  • П2 Ајде да користиме заеднички јазик

    П2 претставува интерактивна база за родители која им помага да ја користат МКФ во нивниот контекст и им овозможува на стручните лица во училиштата да зборуваат за исти кодови и опсервации. Техничкиот јазик на оригиналната верзија на МКФ создадена од СЗО е „преведена“ на поедноставен јазик за да можат родителите подобро да ја разберат и да ја користат.

    ⇒ До алатката преку Интернет О2

  • П3 Дозволете ми да бидам дел од тимот

    Продуктот „Дозволете ми да бидам дел од тимот" е алатка за самопроценка за учениците со развојни потешкотии која ги ангажира самите да ја проценат сопствената положба во однос на учењето. Овој продукт првенствено се однесува на наставниците бидејќи тие ќе го користат заедно со учениците и ќе треба да ги обучат како да го користат.

  • П4 Преведувач на психолошки тестови во МКФ

    П4 е заснован врз таканаречениот „Преведувач на практики на МКФ" - електронска алатка која овозможува поврзување на опсервации поврзани со детето со елементи на МКФ од страна на експертска системска веб-базирана база за самостојно учење. Новиот „Преведувач на тестови“ ќе направи поврзување на психолошките тестови и МКФ, односно ќе ги „преведе“ податоците од психолошките тестови во МКФ кодови.

19 Фев 2020;
12:00AM
Zero Project Conference 2020
25 Фев 2020;
12:00AM
IFO 2020: 34th conference of research focusing inclusion
27 Фев 2020;
12:00AM
Forum Primar
03 Мар 2020;
09:00AM - 11:00AM
Pilot run and training for newly qualified teachers - part 1
10 Мар 2020;
09:00AM - 11:00AM
Pilot run and training for newly qualified teachers - part 1/2nd group
17 Мар 2020;
12:00AM
4th Consortium Meeting
Clear filters
Clear filters

LOGIN Најава за корисници

ЗА веб-страница-АДМИНИСТРАТОС

Колачињата ни олеснуваат да ви ги обезбедиме нашите услуги. Со користењето на нашите услуги ќе дозволите да користиме колачиња.