Образование за сите - Скопје (Education for All - Skopje)
Здружение за унапредување на образованието, културата и спортот ОБРАЗОВАНИЕ ЗА СИТЕ Скопје
Здружението за унапредување на образованието, културата и спортот ОБРАЗОВАНИЕ ЗА СИТЕ Скопје е доброволно, непрофитно, невладино, непартиско здружение на граѓани, формирано со слободно здружување на граѓаните заради остварување, заштита и усогласување на своите интереси и уверувања во насока на унапредување на образованието, културата и спортот на територијата на Северна Македонија и пошироко. Седиштето на Здружението е лоцирано во општина Центар, Скопје.
Членовите на „Образование за сите“ здружено и посветено работат на подобрување на пристапот до образованието, културата и спортот за сите жители на Република Македонија подеднакво. Здружението се залага за целосна инклузија во образовниот систем преку подигање на свеста за оваа проблематика, како и овозможување на обуки за професионалниот кадар, родителите и децата од ранливите категории за создавање на услови за инклузија.
Како партнер во проектот „Заеднички јазик во училиштата“ и стратешки партнер во три проекти финансирани од ЕУ (ICF-CY Meduse: https://www.icfcy-meduse.eu/, Early Inclusion: http://www.early-inclusion.eu/ and Let’s Try ICT: http://www.letstry-ict.eu/), Здружението ја промовира МКФ и работи на подигнување на свеста и целосна инклузија во образовниот систем на децата со попреченост.
м-р Розита Петринска-Лабудовиќ
е претседател на Здружението и член на извршниот одбор. Нејзиното професионално искуство од 16 години опфаќа настава - работела како професор по англиски јазик во различни видови на образовни институции, превод - обезбедува преведувачки услуги како овластен судски преведувач од англиски и италијански на македонски и обратно, како и управување со академска библиотека. Земала учество во различни проекти, меѓу кои и три проекти за помош и поддршка ма лица со попреченост спонзорирани од Стејт Департментот на САД. Нејзините области на експертиза вклучуваат управување со проекти, образование, култура, подигнување на јавната свест.
м-р Катерина Тодорова
е психолог по професија и магистер по клиничка и консултативна психологија. Дипломирала и магистрирала на Филозофскиот факултет на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Софија (Р. Бугарија) и работи како асистент на проект на Медицинскиот факултет Хамбург во Германија. Претходно работела како психолог во средното училиште „Димитар Мирасчиев“ во Штип. Има богато искуство со европски проекти од Еразмус+ програмата поврзани со нејзините професионални интереси. Специјалности: психологија, детска психологија, рана интервенција, аутизам и консултации; поддршка на деца со АСД и АДХД, поддршка на децата Роми и нивната интеграција во општеството, МКФ, евалуација на проекти.
д-р Александра Димова
е докажан психијатар со професионално искуство од 34 години. Специјализирала и докторирала на Универзитетската клиниката за психијатрија на Медицинскиот факултет во Скопје, каде што повеќе години била асистент. Работела како визитинг-доктор на Универзитетската клиника за психијатрија во Грац, Австрија, како лекар и специјалист по психијатрија во Националната ментална болница „Сигмунд Фројд" во Грац, и како специјалист по психијатрија во психо-социјалниот центар во Фелдбах и во ПСЖ-Хартберг. Д-р Димова моментално има приватна ординација по психијатрија во Грац, Австрија (http://praxis-dimova.org/). Нејзините области на експертиза вклучуваат: психијатрија, медицина и рана интервенција.