Отворен Центар за функционална проценка и поддршка на деца и млади во Скопје

 

На 30 септември 2019 година, во присуство на министерката за труд и социјална политика, министерот за здравство и министерот за образование на Република Северна Македонија, претставникот на УНИЦЕФ во Северна Македонија и амбасадорот на Велика Британија, во Скопје официјално е отворен новиот Центар за функционална проценка и поддршка на деца и млади каде се применува нов модел на проценка на децата со попреченост, базиран на Меѓународната класификација на функционалности, попреченост и здравје (МКФ). Проф. Претис, консултант на Уницеф за овој процес, ја нагласи силната посветеност, високата професионалност  и длабокото разбирање на филозофијата на МКФ на членовите на тимот околу д-р Горан Петрушев.

Резулатите од тековниот проект од Еразмус+ програмата го поттикна развивањето на релевантни модули за обуки во Северна Македонија.

Особено продуктот П2, односно „МКФ на јазик разбирлив за семејството“ ќе направи разлика во иднина, овозможувајќи целосно учество на родителите во процесите на проценка во земјата.

  

Фотографијата е преземена од ФБ страницата на УНИЦЕФ МК

 

LOGIN Најава за корисници

ЗА веб-страница-АДМИНИСТРАТОС

Колачињата ни олеснуваат да ви ги обезбедиме нашите услуги. Со користењето на нашите услуги ќе дозволите да користиме колачиња.